Don't Miss
Home / Вести / Субвенции од 6.000 денари за полагање на возачки испит за младите во Општина Битола

Субвенции од 6.000 денари за полагање на возачки испит за младите во Општина Битола

Советот на Општина Битола, едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош на граѓаните кои имаат дополнителни трошоци во врска со добивање на возачка дозвола.

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека „субвенцијата ќе изнесува 6.000 денари за полагање возачки испит за младите во Општина Битола“.

Уште еден важен проблем од кој е засегната Битола, но и регионот е Испитниот центар за полагање на возачки испит. На оваа тема, разговарав со Министерот Панче Тошковски и побарав најбрзо можно завршување на постапката. За жал, административните процедури, го одолговлекуваат овој процес, кој е од големо значење за сите идни возачи и затоа лично ќе се заложам колку е можно побрзо да заврши оваа постапка, согласно законските рокови.
Ќе ја поддржам секоја иницијатива која ќе биде предложена како времено решение, за што ќе одржам состанок со координаторите на сите советнички групи. Го поздравувам предлогот на СДСМ за 3000 денари субвенција за оние кои полагаат во соседните градови, но имајќи ги предвид трошоците на кои ќе бидат изложени кандидатите, сметам дека оваа поддршка треба да биде двојно поголема. Деталите околу поддршката ќе ги прецизираме после денешниот состанок со претставниците на авто школите и одржаниот состанок со координаторите на советничките групи, за да можеме да планираме и соодветен буџет на седницата за ребаланс на Буџетот
-информираше градоначалникот Тони Коњановски.

Фото Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*