Don't Miss
Home / Вести / Сугарески го означи поставувањето на заштитната ограда на обиколницата над Битола

Сугарески го означи поставувањето на заштитната ограда на обиколницата над Битола

                   С

Денеска во Битола  беше означен почетокот на поставувањето на заштитната  звучна ограда, прва од ваков вид во земјава, на дел од магистралниот пат Прилеп- Битоа -Охрид, на обиколницата над Битола, кај месноста Баир.

 По тој повод увид во теренските активности денеска  извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски.

-Звучните бариери се во должина од 1 километар, а на оваа делница, за прв пат во земјава се поставуваат вакви бариери, кои што се еколошки и имаат висок степен на апсорпција на звукот. Направени се од бетонска маса со гумено јадро. Овој концепт претставува економично и еколошко решение за заштита од бучава, кое истовремено е едноставно за примена. Ќе биде поставено од двете страни на патот, а средишниот дел ќе биде во различен колорит, на две нивоа со валаст изглед“, истакна Китанов,кој притоа додаде дека обиколницата над Битола претходно се соочуваше и со свлечиште, кое повеќе од две години го пренасочуваше сообраќајот низ градот. Тој проблем е надминат, а сега нова безбедност ќе донесе поставувањето на заштитната ограда.

Министерот Сугарески потенцираше дека во моментов се одвива силна градежна офанзива во целиот Пелагониски регион.

-Реконструиран е патот од Битола до Тополчани во должина од 16 км, во наредниот период ќе се довршат преостанатите 20-тина километри на патот Битола-Демир Хисар, ќе отпочне рехабилитација на патот од Битола до Меџитлија на постоечкиот пат, а до крајот на летото очекуваме да заврши проектирањето на експресниот пат од Битола до Меџитлија, со цел понатаму да се распишат тендери за проектирање и изведба на тој пат“, потенцираше Сугарески.

Инаку звучниот ѕид на обиколницата над Битоа е поставен на иницијатива на локалната самоуправа на Битола.

-На иницијатива на Општина Битола, благодарение на Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта, оваа звучна бариера, која од ваков вид се поставува за прв пат во Република Северна Македонија, значи решавање на три проблеми за нашите граѓани. Едниот проблем е звучниот, вториот е сообраќаен со што се зголемува безбедноста во сообраќајот на овој потег,рече Емилија Костурски, заменик градоначалник на Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*