Home / Uncategorized / Талески му ја крена рачната и на Манаки

Талески му ја крена рачната и на Манаки

Во денешното Соопштение на фестивалот “Браќа Манаки “ меѓу другото се вели дека на затворањето на Фестивалот имало многу помалку публика затоа што Општината Битола (читај градоначалникот ) не ги поделил 250 влезници кои ги добил од Фестивалот.

Тоа е уште една потврда дека суетниот градоначалник Талески, кој ги одбројува последните денови од неговиот мандат годинава го бојкотираше фестивалот “ Браќа Манаки “ за кој тој тврдеше дека е вистински бренд не само на Битола туку и најдобарта култрна манифестација на Македонија.

Талески го бојкотираше фестивалот најпрво со тоа што годинава издвои симбилични средства, а потоа со тоа што не присуствуваше ниту на отворањето, ниту на затворањето на Фестивалот. Претходно тој ги бојкотираше прес конференциите.

Со ваквиот потег Талески по кој знае кој пат си го покажа вистинското лице. Тој цело време од 12 години само глумел дека ја сакал Битола.

Со постапките за уништувањето на  “Браќа Манаки “ , претходно на Манифестацијата на Битолски весник “ Избираме најуспшни битолчани“, потоа ударите и санкциите кои  цели 8 месеци ги спроведе против Весникот и Радио Б -97,потоа маргинализирањето и бојкотирањето на Малиот битолски Монмартр, КУД Стив Наумов, укинувањето на Операта која тој ја промовираше, прекинувањето па повторното продолжување на Бит Фест, бојкотот  сега и на Интерфест се најдобра потврда дека градоначалникот на Битола Владимир Талески цело време владееше во стилот “ Битола тоа сум јас“ .

Голема среќа за Битола е што до истекот на мандатот на Талески остануваат само уште 12 дена. Битолчани кои здржаа 12 години ќе ги издржат и следните 12 дена. А по 15 октомври Талески ќе ја нема повеке можноста да троши општински пари. Во наредниот период тој ќе мора да живее од тоа што ќе заработи. Само не знам на кој повеќе тој ќе може да им го прожектира неговиот филм, кој не само што никој не ке сака да го гледа, а уште помалку да му го плаќа.

По 15 октмври Талески ќе игра во својот филм кој тој самиот  си го одбра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*