.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Колумни / Техничка влада за партиски пресметки

Техничка влада за партиски пресметки

                            

          Со одлуките на Управниот суд и одбивањето на тужбите на незадоволните политички партии за наводните изборни нерегуларности конечно е ставена точка на десеттите по ред предвремени парламентарни избори.

           Државната изборна комисија веќе им ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници.

          Сега останува во наредните денови екс претседателот на Парламентот, Талат  Џафери да ја свика конститутивната седница и да се конституира новиот Парламент, а  подоцна да се избере и новата политичка  коалициона влада.

          Со ставањето крај на изборите и признавањето на изборните резултати  практично  заврши мандатот на т.н. “техничка влада”, која иако по распуштањето на Собранието требаше технички  да “владее” само 100 дена, но поради пандемијата со ковид 19  остана да владее дури  цели 6 месеци.

          Од саботата  министерските и заменичките места ги напуштија  министерот за внатрешни работи Наќе Чулев  и  дополнителните министри, кои  беа избрани во т.н. Пржинска влада.

          Иако, кога СДСМ беше во опозиција во 2016 година, по долготрајните преговори во Пржино по секоја цена инсистираше за формирање на техничка влада, која треба(ше) да се конституира 100 дена пред секои парламентарни избори, сега ситуацијата е сосема поинаква и ни СДСМ ни ВМРО ДПМНЕ веќе не инсистираат во иднина таква влада да постои.

            Со Пржинскиот модел вкупно пет министерства имаа заменски министри и заменици. Опозицијата управуваше со министерствата за внатрешни работи  и труд и социјала, каде нивни заменици назначи власта. По предлог на опозицијата, заменици министри имаа министерствата за земјоделие, финансии  и информатичко општество.

          Но кај нас политичарите се мајстори и најдобрата идеја да ја расипат, или злоупотребат.

          Наместо министрите и дополнителните министри во текот на нивниот ограничен мандат од 100 дена да работаат за тоа што беа именувани и платен на организирање на  слободни, фер и демократски избори, тие замислувајќи се себеси дека се дојдени во тие 100 дена да расчистат со криминалот на актуелната власт, во стилот на Елиот Нес почнуваа да се занимваат со вршење  истраги за наводни злоупотреби на власта на која и истече мандатот и  поднесување на кривични прјави.

          Искуството покажа дека ни првата техничка влада , која во 2016 година  ја предводеше техничкиот премиер  на ВМРО ДПМНЕ, Емил Димитриев, ни сегашната,  која ја раководеше Оливер Спасовски, не  ги оправдаа очекувањата.

          Техничките министри и дополнителни министри во текот на нивниот кус мандат наместо на подготовките за изборите, тие најмногу се занимаваа со (не)работата и однесувањето на политичките министри.

          Во таква ситуација техничкиот премиер Оливер Спасовски  мораше  дури да ја разреши министерката за труд и социјала Рашаела Мизрахи и ова министерство буквално 6 месеци  (не)функционираше без министер, а за цело време на неговиот министерски мандат и лидерот на СДСМ и премиерот Оливер Спасовски да бараат оставка од министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев, на кој му беа поништувани буквално сите кадровски решенија кои  ги несеше составувајки го својот раководен тим.

          Во таква ситуација министрите и дополнителните заменици министри  цело време додека ги извршуваа своите функции со своите “соработници “ од спротивниот табор се гледаа буквално низ нишан и се  препукуваа меѓу себе, обвинувајќи  се меѓу себе за разни злоупотреби и кршења на законските прописи.

          Таквото (не)функционирање на “техничката влада” им дојде преку глава дури и на  лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои во еден момент на искреност, во една политичка дебата заедно заклучија дека Пржинските влади не се покажаа како делотворни  и дека пред наредните избори никој од нив нема да бара и инсистира за  формирање на “техничка влада “ и дека Македонија треба веќе  да се откаже од таквиот експеримент.

          И точно. Пржинската влада, која во 2016 година беше формирана на барање на тогашната опозиција на СДСМ и лидерот  Зоран Заев, како и меѓународните европски медијатори Јоханес Хан и Прибе, воопшто не ги оправда очекувањата.

          Дури може да се рече дека т.н “техничка влада” беше вистинска кочница за донесување на многу одлуки и закони кои требаше да бидат во функција на изборите, граѓаните и народот, особено сега во моментите кога Владата  требаше да се справи со пандемијата на 21 век, ковид 19.

          Во изминатите неколку месеци т.н. “техничка влада” буквално (не)функционираше како тим.

          Напротив во зависност од партиските (раз)убедувања  министрите и дополнителните министри во текот на мандатот најчесто  ги спроведуваа партиските, наместо владините политики.

           Неусогласеноста во водењето на владините политики одеше  дури до таму што  едни министри, или дополнителни министри, меѓу себе  се обвинуваа за тешки злоупотреби и криминалии и  си поднесуваа кривични пријави.

 Меѓусебниот анемозитет одеше до таму што министерката за труд и социјала, Рашаела Мизрахи беше обвинета дури за “државен удар” бидејќи со држењето прес конференции пред банерот на кој стоеше името на Република Македонија, наводно  сакала да го навлече гневот на Грција и да ги саботира евроинтегративните процеси.

 Зоран Заев и Оливер Спасовски отидоа до таму што  дури го обвинија министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека тој  е виновен и кривично  треба да одговара, заради тоа што со непреземањето мерки за почитување на мерките на Владата  за заштита на здравјето на граѓаните, наводно  придонесол за ширање на корона вирусот и затоа сега имаме стотици новозаразени граѓани.

          Слично постапуваше и сега веќе екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој ги обвинуваше владините министри на СДСМ за разни  изборни злоупотреби и поткуп на гласачи пред одржувањето на изборите.

          Нетрпеливоста меѓу министрите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ одеше до таму што МВР функционираше  дури  со две екипи полициски службеници  кои често пати се фаќаа дури за оружје.

          Затоа добро е што конечно од македонската политичка сцена си замина Пржинската влада.

          Сега мандатарот треба да внимава каква влада ќе состави и која поддршка ќе ја има.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*