Home / Вести / Текстот во Битолски весник за гестот на Ана Стојанов го освоија светот

Текстот во Битолски весник за гестот на Ана Стојанов го освоија светот

Изминатите денови гестот на младата новинарка на ТВ “Мега”Ана Стојанов и нејзиниот сопруг Игор, и текстот објавен во Битолски весник за нивниот хуман гест го “запалија” Балканот и го освоија светот.

Хуманиот гест на Ана и Игор, како и текстот објавен за нив во Битолски весник беше преземен од речиси сите позначајни портали во земјата, како и медиумите во соседството: српскиот Телеграф РС, дневниот весник Курир, хрватскиот портал Индекс ХР, Бања Лука ком, спрскиот весник Данас, Србија Данас, Црногорскиот портал Кодекс.МЕ. и Балканс прес… и други.

Според бројот на  прегледи и  “шерувања” текстот за Ана и Игор имаше над стотици илјади прегледи, што е своевиден рекорд и  вистински куриозитет, кога станува збор за македонските медиуми

“ Цео свет прича од младенцима из Македонија” напиша српски Курир.

“Младенци Ана и Игор изненадили сватове необичном жељом за поклон и одушевили регију” напиша Индекс ХР.

“Српскиот Ттелеграф напиша: Ана и Игор тражили још један свадбени поклон, сада о њима причају сви Балканци”

Во својата богата историја, Битолски весник не памети толку многу отворања и читања на еден текст, објавен во Битолски весник.

Тоа е апсолутен рекорд, кој тешко може да се верува дека некогаш  во блиска иднина од некој медиум ќе биде  срушен.

Поопширно во новиот број на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!