Don't Miss
Home / Вести / “Тикварникот“ на Наташа

“Тикварникот“ на Наташа

               

        Како што вети, градоначалничката во заминување  Наташа Петровска го оствари своето (пред)изборно ветување.

        Петровска пред изборите во една кавга со советниците на ВМРО ДПМНЕ, кои ја критукуваа за садењето тикви во нејзиниот двор, им вети дека на денот на отворањето на Офицерскиот дом  ќе ги почести со “тикварник“.

        Таа тоа ветување го оствари.

        Малубројните и по нејзин вкус одбрани гости, нејзини пријатели и поддржувачи,  ги почести со     “тикварник“.

        Меѓу поканетите гости, кои имаа прилика да го пробаат нејзиниот “тикварник “ беа и новиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски и носителот на листата  на ВМРО ДПМНЕ,  Пеце Милевски .

        Со овој нејзин специјалитет Наташа Петровска  си поигра не само со присутните гости –нејзини пријатели, туку и со нив, бидејки “тикварникот “ беше наменет за опозицијата на која таа и предвидуваше тежок пораз.

         Со почестувањето на гостите со “тикварик “ градоначалничката во заминување Наташа  Петровска си направи мајтап со сите гости, кои мораа да го јадат “тикварникот “ кој беше наменет за  според неа неспособната и “неконструктивна забегана опозиција“.

        Наташа Петровска како што тоа го направи во една прилика во едно училиште, со стојот на глава, така и овој пат покажа  еден друг прикриеан карактер и досега невидена некултура, самобендисаност и цинизам.

         Таа наместо да се скрие и засрами за сето она што и го направи не само на  кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски и на нејзината партија, со чиј амин и поддршка таа во 2017 година  стана градоначалничка, сега по   тешкиот пораз кој СДСМ во Битола го доживеа  тера мајтап.

        Петровска намерно или не, на  крајно безобразен начин на празникот на градот, 4 Ноември, гостите ги почести со “тикварник “ со нескриена намера во нејзината првична замисла да ги направи “тиквари “.

        Притоа таа заборави дека за дебаклот на  СДСМ во Битола таа е најголем виновник, која откако 3,5 години ги “преспа“, се разработи последните 3 месеци, чувајки ги парите за изборната кампања.

        Битолчани за најзината неспосбност го казнија Кондовски и СДСМ и го вратија ВМРО ДПМНЕ на власт.

        Доколку има малку достоинство таа тоа треба да го прифати, а не да се дуе како паун дека доколку таа била кандидат ќе победела во првиот круг.

        Петровска треба да му биде крајно благодарна на  лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој не ја кандидира на изборите.

        Доколку таа беше кандидат за градоанчалничка  ќе доживееше  уште поголем дебакал,бидејки за неа без никакви подземни игри и изборни штабови, освем неколкумина пријатели  собрани околу неа   немаше да гласаат ни најголемиот број членови на СДСМ.

        Впрочем ако беше сигурна дека битолчани неа ја сакаа зошто не излезе на изборите со независна листа како што тоа го направи кандидатот на СДСМ во Куманово, туку до последен момент со “ заштедените “ пари од буџетот беше во кампања да ја добие довербата од партијата, на која таа подоцна прва и го сврти грбот.

        Затоа наместо да прави специјалитети од тикви,  Петровска нека размисли добро што направи со преку 120 милиони потрошени евра и како ќе им погледне в очи на илјадници членови на СДСМ, симпатизери, раководни лица  со чии резултати таа се китеше сите 4 години  и на сите оние кои во 2017 година гледаа мајка на градот,а на крајот не само што излезе маштеа, туку, водена од својот нарцисоиден каракетр, самобеднисаност, пркос, злоба, инаетливости, сите нив ги пушти по вода.

        Таа својата “исполнетост“ и “радост“ ја доживеа по поразот на Кондовски и СДСМ, а таквите личности најчесто завршуваат таму каде што им е местото на буништетото на историјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*