Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина.
Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, трет месец по ред, организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти април.

Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа: Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП „Комуналец“ на ул. 16-та бб, Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП „Нискоградба“, на ул. 16-та бб.
Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.