Home / Вести / Трибина за развојот на енергетскиот сектор

Трибина за развојот на енергетскиот сектор

  • Академик Глигор Каневче, кој воедно е и професор емеритус на универзитетот„Св. Климент Охридски“, на Техничкиот факултет во Битола одржа предавањена тема „Очекувани правци на развојот на енергетиката во светот и кај нас –Нови предизвици и можност за РЕК Битола“. На предавањето присуствуваше градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, како и високи претставници од академската јавност, директорот на РЕК Битола м-р ВаскоКовачевски, останати раководни лица во овој комбинат, директорот на ЈП„Стрежево“ Менде Граматковски, професори и студенти. Каневче, во своето предавање истакна дека имајќи ги во предвид тековите во ЕУ, но и енергетските регулативи чиј потписник е нашата земја, ќе мора да се прилагоди на брзо растечкиот и променлив енергетски систем. Насоката на ориентација пред се треба да бидат обновливите извори на енергија, големите хидроелектрани, фото напонските ќелии, чија цена постојано опаѓа и ветерните електрани. Според него, останатите извори на енергија полека ќе се намалуваат, вклучувајќи го и природниот гас, чија употребливост по 2045година ќе опаѓа.Градоначалничката Петровска, активно беше вклучена во дискусијата и се интересираше за можните енергетски чекори на Општина Битола. Каневче сепак, упати апел, термоелектраната РЕК, во соработка со Општина Битола,ЕЛЕМ и Владата, во следните десет години да преземе мерки за преориентација на производството на електрична енергија преку други извори,а притоа да го запази моментот на истиот број на вработени лица во комбинатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!