Don't Miss
Home / Вести / Турски инвеститори заинтересирани за индустриската зона во Новаци

Турски инвеститори заинтересирани за индустриската зона во Новаци

Претставници од Стопанската комора за трговија и индустрија Сакариа , Турција денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, и го изразија својот интерес за отворање на претставништва и производни капацитети од лесна незагадувачка индустрија во Индустриската зона “Новаци”.

-Разговаравме со гостите од Турција за можностите за инвестирање во Општина Новаци. Му ја претставив нашата Индустриска зона во Новаци која всушност беше и мое предизборно ветување при што се договоривме до март идната година да добиеме точни информации за потенцијалните инвеститори и од која област ќе бидат за да можеме да ги средуваме урбанистичките документации, да ја подготвуваме инфраструктурата и сл,  рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Гостите од Турција водат потекло од Македонија некои од Битола, од Прилеп, други од Дебар. Велат ги влечат корените и сакаат да направат нешто повеќе за Македонија, да го поттикнат локалниот економски развој на овие предели.

-Местоположбата на Општина Новаци ние доста интересно особено близината со грчката граница, лесниот пристап до пристаништето во Солун, нешто што нас како инвеститори и бизнисмени кои сакаме производството да го прошириме кон Европа ние многу важно. Сакаме да отвориме производни погони за земјоделски машини, каучук, пластични шишиња, железарија,контејнери за превоз, камп приколки и сл. индустрија која не загадува за што првично ќе ни се потребни парцели кои ќе зафаќаат околу 10 хектари, рече Ахмет Копрулуоглу, сопственик на компанија за каучук, трговија и рециклирање  Атaлас Каучук.

Гостите најавија и можност за соработка и збратимување со Адапазари град кој брои 1,2 милион жители како и посета и соработка со Црвената полумесечина.

– Сакаме да ја прошириме нашата соработка и со Адапазари кој е град со милионско население но сепак има многу можности за соработка со Општина Новаци а секако тоа истото може да се направи и со Црвената полумесечина во Анкара, рече Тансу Узин, советник на градоначалникот во Адапазар и сектор за финансиска контрола при Црвената полумесечина во Анкара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*