Don't Miss
Home / Вести / Угостителските објекти отворени до 18 часот

Угостителските објекти отворени до 18 часот

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на периодот од 18 декември до 21 јануари, соопшти премиерот Зоран Заев. Угостителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21 часот.

Рестриктивните мерки покрај реорганизација на работното време на угостителите, вклучуваат препораки за јавни собири и собири на затворено за време на пазниците, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.

Мерката носи име „Празнувај одговорно“ и се очекува да спречи зголемување на бројот на новозаразени за новогодишните празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*