Home / Вести / Уништен терминалот на ЈП “Паркинзи“

Уништен терминалот на ЈП “Паркинзи“

Засега непознати сторители  во текот на ноќта го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола.

По забележаното оштетување, од страна на ЈП “Паркинзи“ веднаш  ја  известија  полицијата, која изврши увид на лице место и почна потрага по непознатите сторители.

Со овој извршен вандализам, целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие „Паркинзи“ му е предизвиката штета од околу 5000 евра во денарска противвредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*