Don't Miss
Home / Вести / Васко Ковачевски: АД ЕСМ нема да дозволи големо покачување на цената на струјата за домакинствата

Васко Ковачевски: АД ЕСМ нема да дозволи големо покачување на цената на струјата за домакинствата

        Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, одговарајќи на прашањето, коe во момeнтот најмногу ја преокупира јавноста  дали ќе има и колку ќе изнесува покачувањето на цената на струјата за домакинставата изјави дека во моментот  се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава.

-Во моментот се анализираат можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти, а истовремено зголемување на производството за дополнителни 20 проценти. Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните. Ние како компанија повторно, уште еднаш ќе покажеме општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат значително покачување на цената на електричната енергија  изјави, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*