Don't Miss
Home / Вести / Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

            -Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно да ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин. Во меѓувреме, заедно со Владата, бараме начин како да помогнеме на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да ја произведеме и да ја понудиме на бизнис секторот и на институциите, се со цел да помогнеме и на слободниот пазар , каде што цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.

            Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија, изјави Вско Ковачевски за медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*