Home / Вести / Владата ќе се задолжува со 600 милиони евра

Владата ќе се задолжува со 600 милиони евра

Ликвидноста во буџетот и стопанството, како и секое работно место Владата ќе го штити со заем од околу 600 милиони евра. Ќе се задолжиме со 400 милиони евра кај странски банки, во вид на таканаречен заем пред обврзница. Парите ќе се вратат откако ќе се издаде еврообврзница, планирана на околу 500 милиони евра. Од ММФ ќе се повлечат 87 милиони, а од Светска банка ќе се бараат 100 милиони евра.

„Очекуваме најголемите ефекти од Корона кризата да се почувствуваат во вториот квартал, односно тоа црно сценарио кое што го зборуваме, за кое што е важно дека сме подготвени е драстично намалување на даночните приходи во услови на рестрикции за заштита на здравјето во услови на намалена економска активност. Согласно тоа овој шок очекуваме дека ќе биде најголем во вториот квартал од годината.- рече Ангеловска.

Нема да се прави ребаланс на буџетот но ќе има кратења на расходните страни и пренамена на средства помеѓу буџетските корисници. Ангеловска не одговори дали се размислува за кратење на платите на администрацијата и функционерите, туку порача дека сите треба да бидеме солидарни и да го поделеми товарот од Корона кризата. Кои мерки ќе ги содржи вториот пакет за помош на стопанството, и каде и какви кратења во буџетот ќе има, најави дека ќе се знае во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*