Home / Вести / ВМРО ДПМНЕ против рударите во РЕК “Битола” да добиваат вода за пиење?

ВМРО ДПМНЕ против рударите во РЕК “Битола” да добиваат вода за пиење?

Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК “Битола”, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и  во услови на поплави кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК “Битола” успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија.

Ниските страсти на Христијан Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ продолжуваат и денеска.

Во истиот момент кога РЕК “Битола” и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотеци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека ,,непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК Битола”.

Ја известуваме јавноста, а ВМРО ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата која во моментот се набавува е за вработените во РЕК “Битола”, особено за вработените во рудниците каде нема водовод и снабдување со вода за пиење.

Набавка за вода за рудниците е законска обврска за компанијата и таа е содржана и во Колективниот договор. Истата е вршена редовно сите години наназад,а  вршена е и во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ. Оттука, нехумани се прес конференциите кои лица од ВМРО ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски.

        Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата кои ги иснесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК “Битола” и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода, и во таа прилика да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пиење, се вели во реакцијата на РЕК “Битола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!