Home / Вести / Во Битола над 100 хоспитализирани, се отвора Модуларната ковид болница!?

Во Битола над 100 хоспитализирани, се отвора Модуларната ковид болница!?

           

            Во Битола последните денови драматично пoрасна бројот на новозаболени од Ковид19 и бројот на починати.

            Моментно во Клиничкиот ковид центар, на Инфективното и Физикалното одделение се хоспиталиирани 103 пацинети,а синоќа починаа 4 пациенти од кои двајца од Битола на 62 и 64 годишна возраст, еден од Ресен на 65 годiни и од Демир Хисар на 80 годишна возраст.

             Во болницата веќе нема места за згрижување. Сите хоспитализирани се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

            Поради тоа денеска работници на една приватна фирма брзаа да го направат партерното  уредување на Модуларната ковид болница, која според информациите кои ги имаме е одамна готова, но не може да биде пуштена во употреба бидејки наводно поради немање проект се доцни со инфраструктурното уредување.

            -Модуларата болница е готова и подготвена да ги прими пациентите.

            Истата е целосно дезинфицирана. Но се доцни поради тоа што немаше проект зa партерното уредување, па сега просторот се уредува на врат на нос, бидејки утре наводно треба да бидат хоспитализирани пациенти во една од модуларните болници, ни изјавија работниците кои работеа на  поставувањето на бехатон плочките пред Модуларниот ковид центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*