Don't Miss
Home / Вести / Во Битола заседаваше Кризниот штаб

Во Битола заседаваше Кризниот штаб

        Земјотресот, со јачина од 5,6 степени, кој доцна синока, во 22,43 минути  ја погоди Битола и околината  ги исплаши битолчани.

        Посебно беа исплашени луѓето кои живеат во горите катови на станбените згради.

        Многумина од нив панично ги напуштаа своите домови и излегоа надвор.

        Иако земјотресот, кој траеше  доста “ долго “ ги исплаши битолчани  и беше доста силен не предизвика големи материјални штети.

        Во некои делови на градот, особено во постарите станбени објекти напукнаа зидови и тавани.

        Веднаш по земјотресот луѓето, исплашени за себе и своите најблиски се раздвижија низ градот.Многумина спасот од земјотресот го побараа  кај паркингот во Спортската сала “ Боро Чурлевски “ некои заминаа во своите викендици, а добар дел од  нив  подолго време од  нокта ја покрај огновите кои ги запалија пред станебните згради.

        Во врска со синоќешниот земјотрес заседаваше Општинскиот кризен штаб, во проширен состав со кој раководеше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*