Don't Miss
Home / Вести / На 24 декември “Избор на најуспешните битолчани за 2021 год“.

На 24 декември “Избор на најуспешните битолчани за 2021 год“.

         Традиционалната  23-та по ред манифестација на Битолски весник “ Изборот на најуспешните битолчани“  за 2021 година ќе се одржи на 24 декември.

       Ваква одлука донесе  Редакцијата на Битолски весник  во договор со генералниот покровител на Манифестацијата, компанијата “ Кромберг и Шуберт “ и Општина Битола.

            Како и во изминатите две години така и оваа година “Изборот на најуспешните битолчани“  не се одржува во својот редовен и традиционален термин, последииот петок во февруари месец, поради  ковид пандемијата и  поради презафатеноста на ресторанот Вавилон каде традиционално се одржува манифестацијата, поради огромниот број свадби кои се одржуваа(т)

        Водејќи сметка за здравјето на гостие и присутните, Битолски весник одлучи и  како и минатата година, така и оваа да го  одржи Изборот на 24 декември.

      Инаку за потсетување до  25  февруари, кога беше крајниот  рок за пријавување  кандидатите за признанијата да ги поднесат своите кандидатури, конкурираа над 80 потенцијални кандидати

      За да им дадеме  шанса на сите оние кои од овие, или оние причини не се пријавија во предвиднеиот рок, Битолски весник од  овој  број   го објавува гласачкиот купон и тие кои сакаат да конкурираат  тоа може да го направат  до 16 декември.

        Воедно своите кандидатури канидатите можат да ги поднесат на нашата меил адреса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*