Home / Uncategorized / Во Новата година во Битола родени 4 девојчиња

Во Новата година во Битола родени 4 девојчиња

Ако денот се познава  годината во Битола во 2017 година ќе биде мошне плодна.

Само неколку минути по влегувањето во новата 2017 година во Битола на свет дојдоа 4 новороденчиња.

Според зборовите на дежурниот гинеколог на Клиничката болница во Битола, д-р. Гоце Чакаревски во болницата, на свет дошле 3 новороденчиња.

Сите тие на свет донесоа здрави бебиња, а трите среќни мајки се прворотки.

Породувањата поминале сосема нормално и без никакви компликаци.

Првиот ден  во  новата година се роди и едно женско девојче и во приватната болница “Плодност” во Битола, која неодамна прослави 5 години од своето постоење.

На сите  среќни мајки денеска напладне градоначалникот на Битола, Владимир Талески им подари букети свежи цвеќиња и вредносни писма од по 10.000 денари.

Инаку,  според првиот човек на Клиничката болница во Битола, д-р. Василие Најдовски новогодишната прослава во Битола поминала релативно мирно и без некои поголеми инциденти.

Во Службата за ургентна медицина лекарска помош побарале само 12  битолчани, претежно млади деца, од кои најголемиот број биле  поради  преголема алкохолизираност, а имало и со предозираност од наркотични средства.

Еден од пациентите пробал да си ги исече вените, но тој навреме побарал помош и медицински  бил згрижен.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*