Home / Вести / Водовод нема да пресметува камати за задоцнето плаќање

Водовод нема да пресметува камати за задоцнето плаќање

Управниот Одбор при ЈКП “Водовод” Битола донесе одлука за спроведување на олеснителни мерки за граѓаните на Општина Битола и околните села кои ги користат водоводните услуги на претпријатието за време на траењето на пандемијата со COVID 19.

Се со цел да се излезе во пресрет на граѓаните како и на правните лица во моменталната состојба во која се наоѓа државата, од страна ЈКП “Водовод” Битола нема да се пресметуваат камати за задоцнето плаќање, а на граѓаните кои имаат поголеми суми за наплата, им се дава можност паќањето да го вршат на рати се додека трае вонредната сосотојба во државата.

Доколку во меѓувреме некој корисник на услугите на ЈКП “Водовод” Битола добие предлог од нотар за тужбено побарување, да се јави во дирекцијата на ЈКП “Водовод” Битола на улица “Климент Охридски” бб, во соба број 14 – правна служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*