Home / Вести / “Водовод“ спроведува вода за ковид центарот во Битола

“Водовод“ спроведува вода за ковид центарот во Битола

             

               Јавното  комунално претпријатие “Водовод“ Битола интензивно работи на водоводно поврзување на модуларниот ковид центар кој пред неколку дена почна да се гради во непосредна близина на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола.

               Екипи на ЈП “ Водовод “ денеска  почнаа со ископ на водоводната мрежа која треба да биде поврзана со главниот водоводен канал кој врви низ Нова Битола.

               Според информациите на ЈП“ Водовод “ стручните екипи на ова јавно претпријатие   се оптимисти и веруваат дека во период од  3 недели, колку е што крајниот рок за изградба на модуларниот ковид центар тие ќе ја завршат работата и Ценатрот ќе добие вода.

               Поради работите на изградбата на водоводната мрежа за ковид центарот дел од Нова Битола останаа без вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*