Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна изолација, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредна прес конференција во Владата.
-Лидерите на двете најголеми се во задолжителна домашна изолација бидејќи еден новинар од телевизиски медиум е позитивен, а во текот на минатата недела имаше тв интервјуа, и со Мицкоски и со Заев, рече Филипче.
Тој додаде дека тестот на Мицкоски е негативен, а бил изработен доцна синоќа, но ќе биде во задолжителна изолација во 14 дена, а на Заев резултатот ќе биде готов во текот на денешниот ден. Лидерот на СДСМ патувал кон Струмица и таму ќе биде во домашна изолација.
-Новинарот е во стабилан здравствена состојба, и е на лекување во болницата 8 Септември. Во текот на утрото и денот ќе се направат анкети и ќе се знае точниот број на лицата кои ќе одат во изолација, рече министерот, додавајќи дека за резултатите на Заев ќе ја информираат јавноста на следната прес конференција.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
