Don't Miss
Home / Вести / Згасна Радио Актуел “бомбардер“

Згасна Радио Актуел “бомбардер“

                     

                               

Само четири месеци  по смртта на сопстевникот Лазе Николовски денеска згасна првото приватно  комерцијално радио  во Битола, радио Актуел ‘бомбардер“.

Сопствениците на радиото побараа да биде исклучен предавателот од антенскиот столб.

                Ваква одлука донесе Советот на Агенцијата  на 34 седница на Советот, која се одржа на 26 номеври.

На истата седница донесена е одлука  за одземање на дозволата  за телевизиско емитување на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија.

-На  Радио Актуел доволата му е одземена  поради неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување,стои во соопштението на АВМУ од седницата на Советот.

Навистина голема штета за Битола.

 Радио Актеул, кое порано се викаше Радио 105 “бомбардер“, сопственост на сега покојниот Лазе Николовски беше првото прватно комецријално радио во Битола, кое на медиумскиот простор во градот под Пелистер  егзистираше триесетина години.

Ако се знае дека неодамна згасна и Радио Делфин, за само кусо време Битола остана без две комерцијални радија.

Пред неколку гдоини згасна Радио Битола, а од етереот беа исклучени и две комерцијално телевизии Мега и ТВ Орбис.

Лазе Николовски почина на 29 јули годинава  во Скопје од срцеви проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*