Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за државната агенција МИА кажа дека одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а краен рок да ги распише локалните избори е 6 август.

„(Одморот на пратениците ќе почне) од 4 август, а има можност да почне и од 6 август затоа што засега нема никаква иницијатива во однос на локалните избори и ако вака останат работите 6 август е краен рок да ги распишам локалните избори и со тоа да почнат да течат роковите и организацијата во однос на локалните избори и потоа би работеле до почетокот на предизборната кампања до 25 септември“, изјави Џафери.

Џафери кажа и дека дебатата за ребалансот на Буџетот ќе заврши до 3 август, кога ќе биде и изгласан ребалансот. Во меѓувреме, тој ќе свика продолжение на барем три заостанати седници, меѓу кои што и онаа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*