Don't Miss
Home / Uncategorized / Градоначалникот Талески имал приватна фирма за снимање филмови

Градоначалникот Талески имал приватна фирма за снимање филмови

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески имал фирма за снимање на филмови, видеофилмови и телевизиска програма.

Талески прред да стани градоначалник уште на 30 август 2004 година заедно со уште еден висок функционер на ВМРО ДПМНЕ и друг близок роднина сопругата на премиерот Никола Груевски основале фирма АРТ Медија -Мултимедијална продукција ДОО Битола.

Во основачкиот влог Талески со неговиот ортак вложиле по 305.000 денари, или вкупн 610.000 денари.

Седиштето на фирмата било на улица Бонде Скерлевски бр.4/4 станот каде што живее сега  градоначалникот Владимир Талески, а кој пред тоа за адреса на живеење го прикавил станот на ул. Димче Лахчански.

Инаку фирмата Арт Медија ДОО Битола била активна до 21.04.2009 година кога Талески ја пушта фирмата во стечај.

Ова денеска на прес конференција го соопшти советникот на СДСМ, Горан Козаров, кој притоа го постави прашањето колку пари од Општината биле исплатени на фирмата, со која намера ја формирал тој фирмата и зошто завршила истата во стечај.

-Сите изминати 12 години Талески се однесува како режисер кој ни го креира животот на граганите. Тоа што тој во 2004 година формирал фирма за снимање на филмов е само уште една потврда дека тој пред да стане градоначалник се подготвувал за тоа и затоа на битолчани сите изминати 12 години ни ја продаваше приказната за Битола филмски град, рече Козаров.

Инаку управител на фирмата бил Љубомир Овчаровски, кој е пријавен на улица Зборска број 6, каде што велат дека никогаш не живеело такво лице на оваа адреса.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*