Don't Miss
Home / Uncategorized / Југ со закани до Груевски

Југ со закани до Груевски

Фала што не намести на 27-ми, фала што не нарече насилници, напиша уапсениот Игор Југ во пораката до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објавена на  неговиот фејсбук профил.

Тој е уапсен за инцидентите од крвавиот четврток во Собранието, каде што упадна заедно со толпа демонтранти, а со себе носеше и огнено оружје подготвен да го употреби во секој момент.

Во обраќањето до Груевски вели дека постапил патриотски а за тоа не добива поддршка од партијата и од Груевски, туку сега вели дека на Груевски, „не му е гајле што они гинеле за него, и што скокале во оган“.

„Сега нека ти трчаат Бетмен и бандата, ако и они не ти избегаат како директорчињата и раководителите што ги доведе од СДС, ЛДП и СП. А јас ќе ти вратам, барем пет минути да го вкусиш она што ти мене ми го направи и на сите други што не предаде! Тепав луѓе ти да бидеш претседател на партијата во Охрид 2003!!! Ти текнува??? Така ли враќаш Николче!? Те памтам жолта Застава 101 кога возеше, немој мене финоќа да ми продаваш!!!“, пишува тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*