Еден од нај горливите проблеми во Битола е загадувањето со воздухот, изјави денеска Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.
-Меѓу останатите чинители загадувањето на воздухот е како последица на нерегулираниот градски односно целокупно сообраќајниот режим во општината. Како идна локална самоуправа предводена од СДСМ ќе ги превземеме следните мерки и активности:
- Целосна имплементација на еднонасочниот сообраќаен режим во централното градско подрачје согласно сообраќајната студија меѓутоа согласно и потребите на граѓаните на општина Битола
- Осовременување на јавниот патнички превоз со набавка на еколошки возила
- Воведување на нови линии во одредени региони,делови,подрачја од нашата општина кој што ни беа нагласени од граѓаните при нивните контакти како што се Боримечка, како што се Стрелиште, Баир, Брусничко-лавчанската, Буковски ливади и останати подалечни да кажам места во општина Битола
И што е најважно секогаш мора да водите сметка дека од најрани години треба да се всади кај младите културата за се, вклучително и за тоа кое е значењето на сообраќајот и неговата регулација од еколошки аспект. Токму затоа планираме едукација на младите преку еко активности и еко катче кое што ќе го имаме во градскиот парк во Битола- вети денеска пред битолчани, кандидатката за градоначалник на Општина Битола, Наташа Петровска.