Во врска со текстот на Никола Груевски објавен на неговиот фејзбук профил, дека наводно му идело да дојде во Македонија и да му помогне на Заев, премиерот Зоран Заев во Битола изјави.
-Да, ми треба помош. Го повикувам Груевски да се врати во државата да ми помогне. Човек може да помогне и кога ќе си ја одлежи казната затвор, изјави Заев, кој коментирајќи ја средбата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски со премиерот Виктор Орбан во Будимпешта изјави.
– Мислам дека тие се сретнаа кака двајца лидери на европски народни партии. Јас верувам дека таа средба може да придонесе за зајакнување на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Унгарија, рече Заев.