Резултатите од лабораторијата во Хамбург треба да покажат дали во македонија има ебола или не.
Попладнево ќе ги соопштат од Министерството за здравство. И официјално ќе се знае од што почина британскиот бизнисмен Колин Џефри. Неговото тело веќе два дена во специјален лимен ковчег е сместено во посебна просторија на Инфективна клиника. Исто толку време во карантин се и 25 гости и персонал од хотелот Супер 8 во Мавровка. Нивната здравствена состојба е добра и постојано се под надзор од епидемиолози и лекарски екипи.
Сомнителниот случај на ебола ја смести Македонија на насловните страни во многу светски медиуми. Во земјата има и бројни странски телевизиски екипи кои ги следат случувањата со сомнителниот случај.