Денеска беше промовирано најновото историското дело со наслов “Германските воени операции во Македонија за време на априлската војна во 1941 година“ од авторот Роберто Трајковски.
-Станува збор за исклучително историографско дело, во кое се опфатени операциите во априлските војни и повлекувањето кон источниот фронт после априлската војна. Книгата е пред се пишувана врз основа на германски документи и од тој аспект, е ретка и исклучително квалитетна во нашата историографска продукција. Низ германски архиви, авторот дошол до стотици документи кои се однесуваат на Македонија. Станува збор за исклучителна истражувачка работа – рече промоторот д-р Александар Литовски, историчар во Завод и музеј- Битола.
Ова е прво авторско дело од авторот Трајковски. За неговото дело користел матријали од германската документација од Националниот архив во Вашингтон, САД во дигитална форма, а останатото лично истражување го обезбедил во Воениот архив на Германија.
Б.В.