Студентите на битолскиот универзитет “ Св. Климент Охридски “ кој деновиве го слави својот патрон празник, синоќа со плакати и транспарент, со кои ги облепија седиштата на двете најголеми политички партии ВМРО- ДПМНЕ и на СДСМ, се дистанцираа од инволвирањето на политиката во нивните протести.
Со транспарентот “ Екстерно за Владата”, кој го залепија пред седиштето на ВМРО- ДПМНЕ и “ Не сме ваши полтрони “ кој транспарент го залепија пред седиштето на СДСМ сдудентите го искажаа својот став за дистанцирање на политиката од нивните протести.
Инаку, студентите на Универзитетот “ Св. Климент Охридски “ во Битола за среда во 12часот го најавија својот протест од пред Техничкиот факултет во Битола, со кој ќе се придружат на протестите против воведувањето на државниот испит во високото образование.
Б.В.