Don't Miss
Home / Македонија / Бројот на туристите зголемен за 5,2 отсто

Бројот на туристите зголемен за 5,2 отсто

Македонија во првите десет месеци од годинава ја посетиле за 5,2 отсто повеќе туристи, кои оствариле за два процента поголем број на ноќевања во однос на истиот период лани, при што бројот на домашните туристи е зголемен за 3 отсто, а на странските за 6,9 проценти.

Според податоците на државниот завод за статистика, кај домашните туристи има намалување на бројот на ноќевања за 0,2 отсто, додека кај странските се бележи пораст од 5,4 проценти.

Во земјава во октомври годинава вкупно престојувале 62.079 туристи кои оствариле 143.807 ноќевања што претставува зголемување од 1,3 отсто на бројот на туристи и 3,9 проценти на ноќевања во споредба со истиот месец лани.

При тоа, бројот на домашните туристи е зголемен за 14,3 отсто, а бројот на странските е намален за 4,8 проценти. Домашните туристи воедно оствариле и зголемен број на ноќевања за 13,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 2,3 проценти.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*