СВР- Битола поднесе кривична пријава против триесет и две годишна битолчанка , за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Во ноември и декември 2014 година, во Клиничка болница во Битола – Одделение за физикална медицина и рехабилитација пријавената во својство на медицинска сестра на 10 лица од Битола на кои им биле препишани физикални терапии им изготвила 10 пресметки во износ од 350 денари, а во компјутерската евиденција ги внела на износ од 40 денари за разликата од 3.100 денари ги присвоила за себе.