Борче Димитровски, актуелниот директор на Центарот за култура- Битола е новиот лидер на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
По речиси изминати седум месеци од објавувањето на конкурсот за избор на нов локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, со решение на лидерот на партијата и премиер Никола Груевски, за нов лидер е поставен Борче Димитровски.
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, денеска ја имаше својата промоција пред членството на партијата во Битола.
-Со именувањето за нов лидер на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола јас сум почестен зошто застанувам на чело на една голема партија каква што е ВМРО-ДПМНЕ. Со изборот на оваа функција се оствари една моја лична желба да застанам на чело на партијата. Ќе настојувам во наредниот период да ги обединам сите членови на ВМРО-ДПМНЕ и да го продолжиме патот на успехот- истакна новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски којшто наскоро ќе го одреди и новиот состав на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Битола.
Инаку, на конкурсот за лидер на ВМРО-ДПМНЕ беа пријавени над 30 кандидати, а лидерот Никола Груевски цели седум месеци размислуваше околу новиот прв човек на партијата во Битола.
Б.В.