Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Стразбур ќе разговараат со пратеници во Европскиот парламент, како и со претставници на Европската комисија.
Најавено е тие да имаат средба и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Вчера шефовите на дипломатиите на Европската Унија ја разгледаа ситуацијата во Македонија и меѓу другото заклучиле да ги охрабрат лидерите да го продолжат дијалогот.
Извор: мкд.мк