Македонските и бугарските историчари ќе презентираат научни трудови за Македонската револуционерна борба во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија.
Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни е темата на дводневната научна конференција во организација на Македонската и на Бугарската академија за науки и уметности што денеска се одржува во Битола.
На конференцијата ќе биде опфатен периодот од 1870-тата до почетокот на Балканските војни во 1912-та. Македонските и бугарските историчари ќе презентираат научни трудови за Македонската револуционерна борба во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателите на МАНУ и БАН, академиците Владо Камбовски и Стефан Воденичарев.