Don't Miss
Home / Uncategorized / Блокада на патот Битола- РЕК

Блокада на патот Битола- РЕК

По неколку месечна пауза Здружението “ За нас се работи “ повторно ги реактивира протестите против  загадениот воздух во Битола.

По неколкунеделното енормно загадување на амбиенталниот воздух во Битола , Здружението „За нас се работи”  ги повика своите членови и поддржувачи  на блокада на патниот правец кој од Битола води до РЕК “Битола”.

Протестите ќе се одржат под слоганот  „Битола се задушува, Битола умира”.

Блокадите се најавуваат од четврток до сабота, во период од 15 до 17 часот, кога битолчани, и особено вработените во РЕК, завршуваат со права смена и одат на работа во втора смена.

Битолчани поставија барања до надлежните и се закануваат дека доколку не ги исполнат, следува целосна блокада на РЕК “Битола”.

Тие бараат субвенционирање на електрична енергија до спроведување на гасификација, како и спроведување на режим на сообраќај во централното градско подрачје во Битола.

Од Здружението „За нас се работи” велат дека ултиматумот е упатен  како до Општината  така и до Владата, при што се дистанцираат од каква било политичка конотација поврзана со предвремените парламентарни избори.

-Нас не не интересира политика, ниту кампања. Приоритет ни е здравјето на луѓето. Надлежноста за исполнување на едната мерка е на Општина Битола, а на другата  на Владата, велат од Здружението за чист воздух  “ За нас се работи “.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*