Со полагање букети свежи цвекиња на спомен обележјата, како и споменикот “Ангел” во паркот, кај Градскиот часовник, како и одржување на традиционалниот фудбалски турнир, беше одбележана 16 годишнината од трагичната смрт на петтемина припадници на АРМ, кои на 5 јуни 2001 година, во воениот конфликт, трагично ги загубија своите животи на патот Шипковица – Гајре,
Бројните делегации од Битола и Новаци, членови на потесните семејства на трагично загинатите припадници на АРМ, припадници на армијата, букети свежи цвекиња положија пред споменикот „Ангел” кај Саат кулата и споменикот „Стив Наумов”, кај касарната.
На тој начин тие достојно ја одблежаа 16 годишнината од трагичниот настан, кога на 5 јуни 2001 година, во заседа, во близина на с.Гајре, на патот Тетово -Попова Шапка загинаа Пеце Матичевски од Новаци, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски од Битола.
Во нивни спомен се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал, во кој учество зедоа четири екипи: екипа на гарнизонот од Прилеп, екипа на општина Новаци, екипа на СВР Битола како и екипа на Синдакот на РЕК “Битола”.