Дваесетината демонстранти под сенката на Судот, булеварот блокиран со автомобили. Во меѓувреме, СЈО е на пат натаму за да ги достави дополнениката на обвиненијата кои ги опфати првите меѓу еднаквите во ВМРО-ДПМНЕ – моќните Груевски и Мијалков.
Додека СЈО ита кон Судот за да ги достави дополненијата за обвиненијата за „Таргет“ и „Титаник“, односно оние обвиненија кои ги опфаќаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членот на извршнниот одбор и негов прв братучед Сашо Мијалков, дваесетина демонстранти во знам на поддршка за партијата го блокираат патот пред Кривичниот суд во Скопје со автомобили.
Групата е мала, а иста таква група од околу пеесетина луѓе и вчера протестираше пред Судот. Еден од оние кои вчера беа таму рече дека пред Судот дошле оти партијата им ветила дека сега дошло „време да си ги мерат со СДСМ“, а за тоа ќе биле наградени.