Don't Miss
Home / Uncategorized / Анима Мунди бара итно затворање на Зоолошката градина

Анима Мунди бара итно затворање на Зоолошката градина

Итно затворање на Зоолошката градина во Битола и казна за убивање на волците, бара невладината организација за грижа на животните Анима Мунди.
Шокирана од вчерашното бегство на два волка од Зоолошката градина во Битола и од нивното убивање од страна на службите, НВО Анима Мунди инсистира на итно затворање на зоолошката градина и на најстрого казнување на одговорните лица.

-Волкот дефинитивно е ликвидиран, се вратил во живеалиштето, но повторно се обидел да бега па мораше да го застрелаат, изјави директорот ан Зоолошката градина Нешковски.

Ова е изјава дадена од самиот директор на оваа институција која во ниту еден случај не ги задоволува стандардите за заштита и благосостојба на животните, која освен што ги измачува животните, е континуирана закана и опасност по жителите на Битола!

Директоре Нешковски, вашата ликвидација на живи битија за кои како институција сте се „грижеле”, укажува јасно каков третман имаат животните и како вие лично ги доживувате. Сте „ликвидирале„ 2 живота кои биле осудени на заробеништво и од очај посегнале по слобода. Починивте убиства. Фактот дека 2 волка избегале од таму, укажува пак каква е безбедноста на граѓаните – оние кои влегуваат во Зоолошката, но и оние кои живеат во градот.

Ги повикуваме институциите на итна реакција и одземање на дозволата за работа на Зоолошката во Битола, и итно одземање на животните. Време е во интерес на живите несреќни животни и заштитата на жителите на Битола, таа тажна Зоолошката да се ликвидира засекогаш”, се вели во соопштението на Анима Мунди.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*