Don't Miss
Home / Uncategorized / Анима Мунди со барање:Катанец за ЗОО Битола

Анима Мунди со барање:Катанец за ЗОО Битола

„Анима Мунди“ реагира на состојбата во Зоолошката градина во Битола, барајќи трајно да и се одземе дозволата за работа, а сите животни да бидат одземени и испратени во центри за ресоцијализација на диви животни во Европа.

„Мртов волк, мртви птици во кафезите на ЗОО Битола.Плаќаш симболични 50 денари за влез и еве што те чека:Кафез со три волци од кои еден е мртов со денови.Мајмуни што делуваат прегладнето и дехидрирано. Еден од мајмуните има рани по телото,можно е да се од шајките кои ги има насекаде низ Зоолошката. Од што и да се, треба да интервенира ветеринар.
Низ кафезите садови со храна и вода речиси нема.Внатре, во делот кај птиците, не пишува од кој вид се, потекло и слично, но затоа ќе ве пречека мртва птица која веројатно седи таму со денови.

Накратко, даваш 50 денари, добиваш бесплатно инернет,осеќаш смрдеа и нечистотија на сите страни, гледаш мртви птици и волци, постои можност да фатиш некоја бактерија од тоалетите.

Овие снимки и фотографии само ја потврдуваат бедотијата на животните во Македонија, нивното континуирано страдање во ЗОО Битола. Бараме итно затворање на зоолошката и најстрога казна за одговорните лица за мачење, негрижа на животните, континуирана закана и опасност по жителите на градот.Потсетуваме – тоа е зоолошка во која противпзаконски се заловуваат, сместуваат и убиваат бездомните кучиња во Битола; зоолошка во која пред некоја година избегаа два волка и беа застрелани, но за тоа не одговарал никој иако поднесовме кривични пријави.Тоа е зоолошка во која несреќни живи битија се осудени на страдање, глад, неприродни услови и третман на експонати кои служат за лесна заработувачка. Животни заборавени од сите“, пишува во соопштението од оваа невладина организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*