Don't Miss
Home / Uncategorized / “Бимилк“ подели 185 новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби

“Бимилк“ подели 185 новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, “Бимилк“  подготви 185 новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби.

На децата од училиштето за глуви и наглуви „Кочо Рацин” од Битола, “Бимилк“  им подели 70 пакетчиња, 40 пакетчиња на децата од посебните паралелки за деца со пречки во развојот во училиштето „Ѓорги Сугарев” од Битола, 65 пакетчиња за Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа од Битола и 10 пакетчиња за Црвениот Крст од Битола.

1bimilk500

-Здравјето, добрите навики и среќата на децата се во фокусот на речиси сите општествено одговорни активности на “Бимилк“. Насмевките на децата се она што му дава смисла на нашето работење, на сите постигнати успеси и затоа подарувањето на новогодишни пакетчиња ни причинува големо задоволство. Оваа година одлучивме да ги израдуваме дечињата со посебни потреби од неколку институции од Битола кои работат со нив, изјави Полескена Ристеска, маркетинг менаџер во “Бимилк“.
Со цел да ги развесели децата од училиштето за глуви и наглуви деца, освен доделување на новогодишните пакетчиња, “Бимилк“  исто така организираше и мала забава и дружење со Дедо Мраз.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*