На 20.03.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Битола привеле пет малолетници и С.М.(19), сите од Битола.
Тие биле затекнати во двор на црква во Битола и при преглед кај нив, кај двајца од малолетниците биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана.
По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.