На 14-ти ноември 1944 година е основан Битолскиот Народен театар. Пред 70 години, театарот во Битола почна со работа и со изведба на претстави на македонски јазик.
По тој повод, синоќа во преполнетата голема сала на Центарот за култура- Битола се одржа централната свеченост, а на сцената беше изведен музичко-сценски перформaнс во изведбa на битолските актери кои ја воодушевија публиката.
На манифестaцијaта присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, грaдоначалникот на Битола, Владимир Талески и голем број вљубеници во театарската уметност.
Од Народен театар-Битола велат дека во годината на седумдеценискиот јубилеј, но и следната, на матичната сцена, најголем репертоарски простор ќе остават за македонските автори и режисери, а ќе се посветат и на висококвалитетни меѓународни проекти.
Битолскиот Народен театар отсекогаш важел за расадник на најдобрите актери во државата. Театарски работници кои со нивните актерски успеси ја афирмираа не само Битола туку и Република Македонија.
БНТ е бренд на Битола кој на најдобар можен начин го афирмира градот низ целиот свет.
Б.В.