Ракометарите на Еурофарм Работник со победата и во реваншот против екипата на Берн Мури во Швајцарија ( 28:30) го направија најголемиот клупски успех и се пласираа во групната фаза на ЕХФ Купот.
По триумфот во првиот натпревар во Битола, екипата на Еурофарм Работник славеше и во реванш натпреварот од третото квалификациско коло против Берн Мури со 28-30.
Со двете победи Еурофарм Работник се пласира во третото квалификациско коло и обезбеди место во групната фаза на ЕХФ купот.
Противниците на Еурофарм Работник ќе бидат извлечени во Виена в четврток,(утре), а групната фаза ќе се игра од 9-10 февруари до 30-31 март следната година.
Со пласманот во групната фаза на ЕХФ купот, Еурофарм Работник стана најмладиот клуб кој обезбедил пласман во групната фаза на еден европски Куп.