Со положувањето венци и букети цвеќе на споменикот на француските гробишта во Битола, во присуство на амбасадорите на Франција и Германија, Лорен Оер и Кристина Алтхаузер, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и голем број делегации, беше одбележана стогодишнината од крајот на Првата светска војна и денот на помирувањето на Франција и Германија.
-Првпат ја имам можноста да присуствувам на оваа комеморација заедно со амбасадорката на Франција, Оер. Ова за мене претставува голема чест, голем момент. Мојата порака од ова место, е никогаш вакво нешто да не се повтори, да се работи на мир, да се развива соработка, да се совладуваат тешкотиите и никогаш да не се повторат некакви војни кои носат со себе многу мртви недолжни луѓе. Секогаш да се доаѓа до мир, тоа е мојата порака- изјави амбсадорката на Германија во Република Македонија, Кристина Алтхаузер.
Амбасадорката на Франција, Лоренс Оер од комеморацијата ја испрати порката за мир, меѓусебна доверба, пораката за помирувње за земјите од Балканот. Амбасадорката заедно со градоначалникот на Битола, Владимир Талески имаат намера на француските гробишта во Битола да изградат музејски простор за сите загинати.
– Во војната на должина од 200 метри, е градот Битола, сите околни села кои страдале, над 70 илјади војници кои ги загубија животите, а само тука во гробиштата има над седум илјади мртви- изјави амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.
Потпреседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски во неговата изјава посочи дека Македонија заслужува денес и во иднина да биде рамноправна членка на НАТО заедно со Франција и Германија.
-Од француските гробишта во Битола имаме голема порака, пред 100 години многу млади војници, Французи и Германци беа жртви на бесмислена војна, но не смееме да заборавиме дека пред 100 години најголемата жртва на таа војна беше земјата кој не учествуваше во таа војна а тоа е Македонија кој денес е тло на овие гробишта. Да не се заборви дек ние денес сме земја која и со Фрнција и со Германија има одлични сојузнички односи, нашите војници зедно со нивните се во мировни мисии и главната порака нека биде дека памтејќи го минатото, заслужувме денес и во иднина Македонија да биде рамноправна членка на НАТО заедно со Франција и Германија- посочи Милошоски.
Б.В.
Фото: С.Р.