Првиот човек на градежната компанија “ Бетон “ Битола, Томислав Стефовски ќе треба да одлежи 4,5 години затвор и да плати 4.000 евра судски трошоци за судскиот процес.
Ваквата пресуда ја донесе Основниот суд во Битола по завршувањето на судскиот процес против генералниот директор на “ Бетон “, Томислав Стефовски.
Томислав Стефовски според судски извори на порталот на “Битолски весник“ со ваква првостепена неправосилна пресуда е осуден за крвичните дела даночно затајување, злоупотреба на службената положба и овластување, како и повластување на доверители.
Поопширно во печатеното издание на Битолски весник
Б.В.