Don't Miss
Home / Интервјуа / Четириесет години континуиран развој

Четириесет години континуиран развој

Битолски весник: Господине Граматковски. Најпрво со какви активности ќе биде одбележан  големиот јубилеј 40 години од формирањето на ЈП  “Стрежево

          Методија Граматковски:  Во оваа прилика сакам да нагласам  дека не само мене, туку и на сите вработени воСтрежевони преставува  особена чест и задоволство што сме сведоци на одбележување на еден ваков голем јубилеј.

          Да се одбележува 40 години од поставувањето на камен темелник на претпријатието не е мала работа. Токму затоа ние, кои сега работиме воСтрежево ”  имаме обврска јубилејот да го прославиме на достоинствен начин.

За достојно одбележување на овој јубилеј, 40 години од основањето, имаме предвидено бројни активности , меѓу кои: пуштање во употреба на реновираниот центар за регулација, одржување на свечена академија , изложба на фотографии и записи,  доделување на признанија и благодарници на институции и поединци.

          На свеченостите кои ќе се одржат во два дела, првиот во претпријатието, а вториот во Народниот театар ,каде ќе се одржи свечена академија ќе бидат доделени јубилејните награди на сите вработени  кои поголемиот период од работниот век го поминале во претпријатието, а ќе бидат врачени и две посмртни признанија на едни од основачите на ЈПСтрежевоМетодија Сапунџиевски и Томе Делов.

          Воедно признание ќе му биде доделено и на општината Битола, која во  сите изминати 40 години ни дава голема поддршка во работата  на претпријатието.

          Битолски весникПокрај вообичаените јубилејни награди со кои ваш проект ќе го одбележите празникот, 40 години од основањето на ЈПСтрежево “.

          Методија Граматковски : Морам искрено да кажам дека јубилејната година ќе ја одбележиме со постигнати мошне добри резултати и добри успеси. Но сепак во оваа прилика би го истакнал пуштањето во употреба на реновираниот центар за регулација.

          Битолски весник: Господине Граматковски  бидете конкретен  и кажете ни со кои резултати го дочекувате јубилејот?

          Методија Граматковски: Во изминатиот период од месец август, 2017, кога дојдов на чело на јавното претпријатие ,,Стрежево,, направени се повеке активности. Акцентот што е сосема нормално беше и е  ставен на непреченото обавување на водостопанската дејност односно она за што претпријатието е и основано.

Но покрај тоа направени се и други активности, а со  домакинско раководење од страна на раководниот тим и со рационално и наменско трошење на средствата во изминатиот перид намалени се непродуктивните трошоци за околу 8 милиони денари, во споредба со периодот од минатата година. односно од периодот  кога претпријатието го водеше претходното раководство.

Инаку главен акцент во овој период  е ставен на обавување на основната дејност, односно на искористување на водниот потенцијал за наводнување и за производство на електрична енергија. Во тој дел, покрај тоа што е санирано свлечиштето, обновени се и реконструирани голем број од цевководите, кои што беа во дефект. Направена е и наплата, затоа што заедно со ЗК Пелагонија седнавме да ги усогласиме побарувањата кои што ги имаше јавното претпријатие ,,Стрежево,, за 2015 и 2016 година.

Во ова априлика сакам да напоменам дека на заедничко задоволство, а посебно на задоволство на јавното претпријатие ,,Стрежево,, фактурите кои што ги должеше ЗК Пелагонија за испорачана вода за годините 2015 и 2016 се наплатени. Во овој период можам да кажам дека релациите со нашите главни водокорисници РЕК “Битола”, Водовод и ЗК Пелагонија се на едно завидно ниво.

Морам да додадам дека ќе ни биде проблем уште и тужбата која што ја има ЗК Пелагонија кон јавното претпријатие ,,Стрежево,, но јас верувам во судските истанци и верувам дека тоа ќе се реши на најдобар начин.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека го добивме и судскиот спор со Кроација осигурување и ги наплативме нашите побарувања од околу 8 милиони денари, а на добар пат сме да ги наплатиме и другите побарувања кои ги имаме  побарано да се наплатат по судски пат.

Во овој период од 15 месеци редовно се исплакаат платите и придонесите кон вработените. Редовно се подмируваат обврските кон државата и редовно се исплакаат обврските кон добавувачите. Исто така морам да напоменам дека во овој период направено е и порибување на акумулацијата ,,Стрежево,, на задоволство на спортските риболовци. Тоа е направено два пати минатата година, и оваа година  извршено е порибување на акумулацијата ,,Стрежево,, со речна пастрмка и со крап. Тие се основните работи кои што се случуваа во изминатиот период.

Битолски весник:  Вие се доста долго време вработен во “Стрежево”.што значи  функционирањето на Системот ви е добро познат. Но во оваа прилика на одбележување на големиот јубилеј би ве прашале какво е чувството да се биде на чело на ЈП # Стрежево “

Методија Граматковски: Јас во Стрежево сум врабтен веке 15 години, поточно од 2003 година. Тоа значи дека работењето на Системот ми е во глобала доста добро познат. Но едно е да се биде вработен во претпријатието, а сосема друго да се биде на чело на # Стрежево”

Обавувањето на директорската функција во ваков значаен и би рекол исклучително капитален објект  преставува  големо признание но уште поголема  одговорност, зашто овој систем покрај тоа што се грижи за редовно снабдување со вода за пиење на граѓаните  како и обезбедување на технолошка  вода  за индустријата, од Стрежво со вода за своето функционирање се обезбедува и РЕК # Битола # како и ЈП # Водовод #.

Во  изминатиот период главниот акцент на раководството на претпријатието беше ставен и на санирањето на свлечиштето, кое се појави во 2015 година, како и поправка на цевководите од деталната цевководна мрежа,

Со оглед на тоа што е санирано свлечиштето над село Драгарино и направениот нов зафат за вода поврзана со главниот канал, во оваа сезона на наводнување по главниот канал  се испорачуваа максимални количини на вода до сите водокорисници како што се: ЗК Пелагонија, РЕК “Битола”, ЈКП “Водовод”, индустријата како и индивидуалните земјоделци.

Во изминатиот период со полн капацитет работеа и хидроцентралите кои произведија   меѓу 7.000.000 и 8.000.000 к ЊХ електрична енергија.

Посебно сакаме да го искористиме потенцијалот на ,,Стрежево,, во областа на обновливите извори. Сакаме да изградиме сончеви колектори, односно централа на сончева енергија со моќност од околу 500 киловати. Го чекавме Законот за енергетика. Сега во овој момент се подготуваат и подзаконските акти. Во оној момент кога ќе видиме со кои норми се срекаваме тогаш најверојатно ќе одлучиме да одиме со изградба на нова централа со моќност до 500 киловати, потоа реконструкција на цевководите, осовременување на динамичката регулација на системот, како и осовременување на механичката и електро-енергетската опрема на системот.

Во изминатиот период објавена е и реализирана продажба на електрична енергија од хидроцентралите. Стартувано е со добра цена и би потенцирал дека цената која што ја добивме на пазарот е пазарна цена и е зголемена за 28 отсто во споредба со минатогодишната цена. Така, од постоечките 2,3 денари, цената е подигната на 2,9 денари. Тоа значи дека ке имаме зголемен приход за претпријатието од производството на електрична енергија.

Во исто време се планира вложување на средства во Рибникот како и во ски лифтовите. При тоа сакам да нагласам дека за изградбата нема да користиме ниту кредити, ниту грантови, туку ке се потрудиме да бидат од сопствени средства. Ќе трошиме средства наменски онаму каде што е потребно, а непродуктивните трошоци ќе ги сведеме на минимум.

Битолски весник: Во последно време “Стрежево” доста внимание му посветува на развојот на зимскиот туризам

Дали сте подготвени за новата зимска туристичка сезона?

Методија Граматковски: Што се однесува до плановите за развој на зимскиот туризам, особено скијањето, подготвителните  активности за оваа зима се веќе при крај. Успешно заврши тендерот за контрола на ски лифтовите. Тоа предвидува да се изврши контрола околу безбедноста на ски лифтовите. Тоа е законска обврска која се прави секоја година. Ски лифтовите и чајџилницата ќе работат, а ноќното скијање ке функционира и понатаму. Ке воведеме две смени и  вработените добро ќе ги организираме за подобро и поуспешно да излезат во пресрет на барањата на посетителите. За поголема видливост на скијачката патека при ноќно скијање поставивме дополнителни специјални рефлектори со вкупна инсталирана мокност од 22 кЊ.

Ски центарот соработува со ски и сноуборд школата ССНЛ, во која работаат врвни инструктори. Сакаме на градот Битола и на љубителите на зимските спортови да им дадеме добри услови за скијање. Во делот на заштитата ќе направиме и огради со цел да бидат заштитени скијачите.  Максимално ке се вложиме со цел оваа сезона да им пружиме задоволство на граѓаните на Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*