Од 16 до 22 септември се одбележува Европската недела на мобилност. Оваа недела ја одбележува и Битола со повеќе активности. Денес во салата на Советот на Општина Битола се одржа дебата на тема „Одржлив транспорт во Битола”.
На дебатата своја презентација имаше професорката на Техничкиот факултет, Кристи Бомбол која ја презентираше сообраќајната студија за велосипедските патеки.
Беше презентирана и дел од сообраќајната студија за тоа каде во Битола се планираат велосипедски патеки, како и петте места во Битола каде се предвидени места за паркирање велосипеди.
Б.В.