Home / Uncategorized / Директори обвинети во “Транспортер” со нови директорски мандати

Директори обвинети во “Транспортер” со нови директорски мандати

Иако тоа е надвор од Законот, директори во училиштата да не можат по истекиот на вториот мандат да бидат бирани за директори во истите училишта, сепак на седницата на Советот, советничката на СДСМ Наташа Петровска посочи неколку училишта во Битола каде директри кои по истекот на вториот мандат и натаму ја извршуваат фунцијата директор, на која се именувани од страна на градоначалникот како в.д директори.

Така градоначалникот на Битола, Владимир Талески на директорката на средното медицинско училиште “Јован Калаузи “ дури во три наврати и дава решение за вршител на должноста директор иако таа на директорската функција по сила на законот не може да остане.

-Ние имаме директори кои обавиле два директорски мандати во својата образовна институција, а им се доделуваа решенија од страна на градоначалникот за в.д. директор. Ќе го земам за пример, Медицинското училиште каде што вакво решение е доделено на 11.01. 2016, 80.07. 2016, 21 .01 2017 година значи трикратно се овозможувало некој да биде назначен за в.д директор,истакна Наташа Петровска.

Такви прмери во образованието има уште неколку посочи советичката Наташа  Петровска, која притоа истакна дека образованието во Битола е пред колапс и дека училиштата  речиси сите  со блокирани жиро сметки и должат над 2 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*